Биографија

Беди Ибрахим е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи Бошков во 1985 год. Во 1999 год. завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема под наслов „Култура и природа“ кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев. Од 1985- 1989 год. бил член на групата „Зеро“. Од 1986 год. е член на Друштвото на ликовни уметници. Во 1991 год. како стипендист престојувал на ФЛУ при Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 год. под менторство на проф. Томур Атагок вршел истаржувања во Кападокија. Од 1990 до 2002 година работел во Театарот на народностите како сценограф, сликар, и вајар изведувач. Во периодот од 2000 до 2002 година воедно ја извршувал и функцијата директор на Турската драма.

Од 2002 год. е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Ваајрскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Во 1999 год. бил член на Советот за култура при Министерството за култура на Р. М. , како и член на Комисијата при FARE Фондацијата. Повторно во 2003 год. бил член на Советот за култура при Министерството за култура. Од учебната 2005-2006 година предава театарска., филмска и ТВ сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од основањето на Детскиот културен центар, Ибрахим Беди е председател на Управниот одбор, како и организатор на повеќе проекти во ДТЦ, Исто така е член на Управниот одбор на ОУ „Тефејус“. Во 2002 година избран е за член на советодавниот одбор на невладината организација „MULTI-MEDIA“. Во 2003/04 год. бил претседател на Комисијата за ликовна дејност при Министерството за култура. Од 2006 до 2009 год. бил продекан за настава на ФЛУ. Во 2007 год. бил избарн за вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Исто така изведува настава и по предметите Обликување на простор и Сценографија. Од 2009 do 2011 год. е претседател ан уметничкиот совет на ДЛУМ, а од 2011 год. е член на уметничкиот совет на ДЛУМ. Од 2010 до февруари 2012 бил раководител на Катедрата за вајарство. Во 2010 год. е избран за член на Универзитетскиот сенат на УКИМ.Во 2012 година е избран за редовен професор на ФЛУ по предметите вајање,вајарски техники и цртање.

Од 2007 год. до денес учествувал на повеќе ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои бил и претставник на Р. Македонија на престижното светско биенале во Венеција, Р. Италија со групата „Зеро“. Во 2012 година исто така по покана на издавачот „Или-или“ ја илустрирал корицата на романот „ Истанбул беше сказна“ од романсиерот Марио Леви.

Самостојни изложби

1986 – Скопје,  Галерија  25-ти Мај
1987 – Сараево, Уметничка  галерија  ЦЕДУС
1991 – Скопје, Уметничка  галерија Скопје, Даут Пашин Амам
1992 – Истанбул, Р.Турција ,  Kadikoy  Cultural  Centar
Истанбул, Р.Турција, Yuksel  Sabanci  Cultural  Centar
1993 – Истанбул, Р.Турција, – Изложба  на цртежи и објекти – Кузгунџук
1996 – Скопје, Галерија  САМ  (Сојуз на архитекти  на Македонија) – „Мојата  соба“ – Изложба на слики и објекти
1997 – Скопје, Чифте  Амам – Самостоен  видео  проект „ПРАГ“
1999 – Скопје, Уметничка  галерија  Скопје – Даут  Пашин  Амам
2001 – Струмица, РУ – Јошка  Свештарот, – Изложба на слики и објекти
2001 – Прилеп, Дом на културата  – Слики и објекти
2002 – Скопје – Галерија  CIX „Мојот  дневник“
2003 – Скопје, Уметничка  галерија  Даут  Пашин  Амам – „Семејно  стебло“
2004 – Скопје, ТОЧКА  – „Поглед  кон  заборавеното“
2005 – Битола –  „Поглед  кон  заборавеното“
2005 – Скопје, CTC-Детски театарски центар-„Поглед кон заборавеното“
2009 – Битола- НУ МУзеј  Завод „Магаза“- „Сеќавање“
2009 – Скопје,Галерија  Мала Станица-„Зеро  Ретроспектива“
2009/2010 – Велес, Куманово, Кавадарци, Ресен, Неготино – Изложба  на МБА
2010 – New  York, Gallery  MC,САД – Изложба на цртежи и објекти
2010 – Ниш, Р.Србија, Галерија Павиљон – Изложба цртежи
2011 – Битола, Галерија  МАГАЗА – Изложба цртежи
2011 – Прилеп, Галерија  НУЦК „Марко  Цепенков“ – Изложба цртежи
2013 – Скопје, Галерија  Чифте  Амам – „Од  приказните  за  амамот“
2013 – Загреб, Р.Хрватска – Галерија „Владимир  Филаковац“- „По трагата на птиците “
2014 – New York-MC Gallery – Мултимедијален проект „ПРАГ“
2014/2015 – Центар  за култура на Скопје – “Kич – Да или не” – Кавадарци, Штип, Гостивар, Тетово, Куманово, Велес

Групни изложби

1984 – Белград (Р.Србија), Штип, Велес, Битола, Скопје – БИЕНАЛЕ на млади македонски уметници
1984 – Сараево, Југословенска  културна  манифестација „ЗАЈЕДНО“
1984 – Белград, Р.Србија-Студентски град , СКЦ
1985 – Скопје, Музеј на Македонија – „Експресија, гест, акција“
1985 – Скопје, Галерија „25-ти Мај“ – „Експресија, гест, акција“
1986 – Скопје, Музеј на Македонија – „80-те во Македонската ликовна уметност“
1986 – Скопје – Шемов-Фидановски – „Интервенции 1983-1986“
1986 – Скопје, Галерија „25-ти Мај“
1986 – Скопје, Музеј на современа уметност – БИЕНАЛЕ  на млади
1986 – Ријека, Р.Хрватска – Модерна галерија „14-то Југословенско биенале на млади“
1988 – Скопје, Галерија „25-ти Мај“ – Цртежи и објекти Ликовен круг „25“
1989 – Сараево, Р.Босна и Херцеговина, Скендерија – Манифестација „Документ 89“
1989 – Скопје, Музеј на современа  уметност – „Второ  Биенале на младите“
1989 – Белград, Р.Србија – Изложба на скулптури од уметничката колонија„ Илок“
1989 – Илок,Р.Хрватска – изложба на скулптури од колонијата „Илок“
1990
– Келн, Р.Германија, Eastern European Cultural and Art Center – „Standpunkt Macedonian Group Zero from Skopje“
1991 – Скопје,Музеј на современа уметност – „Трето Биенале на млади“
1993 – Скопје,Музеј на современа уметност – „Четврто Биенале на млади“
1993 – Истанбул,Р.Турција, Галерија Б – „Идентитет и разлики“
1993 – Скопје,Уметничка галерија – Ситна пластика
1994 – Нирнберг, Германија, Kunsthaus Nurnberg – „7 Artists from Skopje“
1994 – Скопје, Уметничка галерија – „5 Уметници“
1995 – Дрезден, Германија – Gallery in Kulturalhaus of Dresden City
1995 – Скопје, Музеј на современа уметност – „Девет и пол“, Нова Македонска уметност
1996 – Парис, Франција-Cite International de Art – „75 Уметници од Македонија“
1997 – Истанбул, Р.Турција – Истанбулско Меѓународно  биенале
1998 – Скопје, – 50  Години  Јубилеј  на ДЛУМ
2000 – Скопје, ДЛУМ – Графичка  работилница
2001 – Скопје, Куманово, Неготино, Штип, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово – „Патувачка изложба “ИКОМ
2001 – Скопје, Музеј на град Скопје – „Глобализми“
2001 – Скопје, Музеј на современа уметност – „ЦИТАТИ“
2002 – Струмица – АЈКА „Критичарите бираат“
2003 – Велес- „Разликите  обединуваат“
2003 – Скопје, Уметничка галерија Чифте Амам – „ПРОЧИСТУВАЊЕ“
2003 – Истанбул, Р.Турција – Изложба на слики
2004 – Сараево, Културен дом – „Прочистување“
2004 – Австрија – Изложба цртежи
2004 – Гостивар – Културен дом ТОЧКА
2004 – Прилеп – Културен дом – „ЕЛЕМЕНТИ“
2004 – ОхридКултурен дом – „ЕЛЕМЕНТИ“
2004 – Гевгелија – „Уметноста може “
2006 – Утрехт, Холандија – „Жестоко  историско его“
2007 – Пожаревац, Р.Србија-народни музеј – „Балкан РЕгион -Културни простор без граница“
2007 – Куманово, Национална установа Музеј на Куманово – Изложба на ликовната колонија ПЕЛИНЦЕ
2007 – Битола, Галерија МАГАЗА – Изложба на ликовната колонија НИже Поле
2008 – Сомбор, Р.Србија-Културни центар „Лаза Костич“ – „БАЛКАН -Културни простор без граница “
2008 – 14.11-2008 – Бања  Лука-Центар за културуи образовање-Лакташи – „БАЛКАН-Културни простор без граница“
2008 – Струмица, Дом на културата  „Антон Панов“- „Скулптури  на новото време  2008“
2008 – Битола-Галерија МАГАЗА – Изложба на колонијата НИже Поле
2008 – Скопје, Skopje,World Bank and Ambassy of Switzerland – „Art and development“
2009 – Скопје,Музеј на град Скопје- „Reink  Balkan  Art“
2009 – Битола,Галерија МАГАЗА – Изложба на колонија Ниже Поле
2009 – Прилеп, Културен дом „Марко Цепенков“ – Изложба на колонија Ниже поле
2009 – Куманово, Културен центар „Трајко Прокопиев“ – „Скулптури на новото време 2009“
2009 – 15 Декември-Ресен,Музеј галерија „Драги Тозија“ – Изложба цртежи и објекти
2009 – Софија, Галерија НДК на Софија – Македонски уметници во Софија
2010 – Кавадарци – „Цртежи и објекти“
2010 – Битола, Галерија МАГАЗА – Изложба на колонијата Ниже поле
2010 – Скопје, Културно информативен центар – „Уметноста може“
2010 – Скопје, Музеј на современа уметност – Изложба на професори на ФЛУ
2010 – Скопје, Друштво на ликовни уметности – Изложба на цртежи
2010 – Врсар, Р.Хрватска, – Ментор на Меѓународната вајарска школа МОНТРАКЕР
2010 – Куманово  и  Неготино – „Скулптури на новото време 2010“
2010 – Крушево – Изложба на колонијата Ниже поле – Битола
2011 – New York, MC Gallery, PAPERWORKS, COLLECTIVE ZERO,
2011 – Скопје, Музеј на град Скопје – „Радоста на живеењето“
2011 – Куманово, НУ „Трајко Прокопиев“ – „Скулптури на новото време 2011“
2011 – Битола, Галерија МАГАЗА – Изложба на колонијата Ниже поле
2011 – Берово, Културен дом – Изложба Ниже поле
2011 – Истанбул, Р.Турција – Прва Меѓународна изложба МОСТ со учество на македонско-турски автори
2011 – Венеција, Италија – Учество на 54-то меѓународно Венециско Биенале со проектот – THE TRAILER FILES, COLLECTIVE ZERO
2011 – Врсар, Р.Хрватска – Реализација на монументална скулптура во мермер
2011 – Битола, Галерија МАГАЗА – Изложба на Друштво на ликовни уметници на Битола
2012 – Zeijing,Р.Кина., International Arts Exchange of Museum, R.China – Втора Меѓународна изложба МОСТ со учество на македонски,турски и кинески автори
2013 – Скопје, КИЦ – Меѓународна изложба на македонско-турски автори МОСТ
2013 – Битола, Галерија МАГАЗА – Изложба на  ДЛУБ
2013 – Куманово – „Скулптури на новото време 2013“
2013 – Бостон, САД, Галерија MOBIUS – „Personal Archives“
2013 – Подгорица, Р.Црна Гора, Уметнички павиљон Марко Миљанова – „Let’s art“ – „Neka bude umjetnost“
2013 – Скопје, Галерија ДЛУМ – „Експериментален цртеж“
2014 – Прага, Р.Чешка, Палата Луцерна – Експериментален цртеж
2014 – Битола – Годишна изложба на ДЛУБ
2015 – Скопје – КИЦ Скопје – „Во  слава  на  уметноста“
2015 – Куманово – Скулптури на новото време – Дом на културата
2015 – Водици, Шибеник, Р.Хрватска – „Genius Nikola Тesla“

Колонии

1983, 1995 – Прилеп
1984 – Врњачка Бања
1987, 1988, 1989 – Илок
1991 – Галичник
1996 – Кичево

Награди

1985 – Годишна награда од Факултетот за ликовни уметности
1995 – Награда за цртање “Св. Климент Охридски”

Зеро Ретроспектива, 1984 – 2009

Праг